И трет Бугарин почина по самозапалување


Педесет итригодишниот Венцислав Василев, невработен, татко на пет деца кои живеат во сиромаштија, се запали на 26-ти февруари пред градскиот совет во местото Раднево, во јужниот дел на Бугарија. „Седумдесет ипет отсто од телото му беше изгорен и вдишал отровен гас”, се наведува во соопштението од болницата од Пловдив каде што беше хоспитализиран Василев.

bugarija samozapaluvanjeВасилев тргна по примерот на 36-годишниот Пламен Горанов кој на 20-ти февруари се запали пред градскиот совет во источниот град Варна, барајќи оставка од градоначалникот и целиот градски совет. Истиот ден, само два часа подоцна премиерот Бојко Борисов, ја поднесе најавената оставка, како и на целиот негови владин кабинет.

Пламен Горанов кој на 3-ти март почина во болница, стана симбол на протестите против корупцијата во Бугарија. Неговиот очајнички чин ја предизвика оставката на конзервативниот градоначалник на Варна, Кирил Јорданов кого демонстрантите го обвинуваат дека е инструмент на моќно претприемачко лоби во градот коешто ги уништило малите и средни претпријатија.

На 19-ти февруари, во северниот град Велико Трново, се самозапали 26-годишно момче, но неговиот чин не се поврзува директно со протестите коишто цел месец наназад ја потресуваат Бугарија.

Бугарите низ целата земја речиси секојдневно излегуваат на протести против сиромаштијата и „корупцијата на политичката класа”. Масовните протести на граѓаните кои првично беа предизвикани од високите сметки за електрична енергија, потоа прераснат во општо движење на незадоволство од владата, од политичките елити и од вкупната ситуација во земјата

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1