И Црна Гора се шекна со цени – Влез на плажа на Свети Стефан 50 евра, на Милочер 75 евра!?


Порталот дневник.хр  објави „компромитирачки“ фотографии  со ценовниците за плажите во Свети Стефан и Милочер, со малку зајадлив наслов.“Може и поскапо. Влез на плажа 50 евра, и шишенце вода 3,20 евра!“

plaza milocerТекстот беше пренесен и од црногорските медиуми, со забелешка дека Хрватите си тераат мајтап со цените за изнајмување на опрема.

– Ако сте мислеле дека цените во хрватските топ дестинации се превисоки тогаш, ова сигурно ќе ви го смени мислењето, пишува хрватскиот портал.

Тој ги објавил фотографиите што им ги испратил некој читател.

На плажата „Милочер“ изнајмувањето на опрема на плажа чини – 75 евра!

За овие слики не се потребни дополнителни коментари, но сепак неизбежно е нашето прашање до македонските туристи како им изгледаат цените во Охрид,  ако се споредат со Црна Гора и Хрватска.

plaza CG

plaza milocer

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1