Македонската кошаркарска репрезентација ќе биде дополнително ослабена во квалификациите за Европското првенство 2015 година, откако и дефинитивно својот настап во црвено-жолтиот дрес го откажа искусниот плејмејкер Владо Илиевски, пренесува Денешен.
Иако изминатите денови се очекуваше Илиевски да му се стави на располагање на селекторот Џикиќ, сепак тој нема да настапи во претстојните квалификации.
Приватните проблеми со кои се соочува Илиевски веќе подолг период се причината поради која искусниот организатор на играта нема да може да и помогне на Македонија во обидот по трет пат во низа да обезбеди пласман на Европското првенство.
Владо Илиевски е веќе шестиот играч кој го откажа настапот во црвено-жолтиот дрес откако претходно тоа го сторија Тодор Гечевски, Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски, Бо Мекејлеб, а поради повреда во тимот ќе ги нема и центарот Предраг Самарџиски.