И во Македонија државата не шпионира преку компјутерите


Ма­ке­до­ни­ја се нај­де на лис­та­та на Уни­вер­зи­те­тот од То­рон­то со 36 зем­ји во кои се ко­рис­ти соф­тве­рот за над­гле­ду­ва­ње на бри­тан­ска­та ком­па­ни­ја “Га­ма ин­тер­нешнл”, ко­ја е об­ви­не­та од фон­да­ци­ја­та “Мо­зи­ла” де­ка лаж­но го ко­рис­ти име­то “Фа­јр­фокс”. “Би-Би-Си” објави де­ка “Фин­фи­шер” е ле­ги­ти­мен соф­твер за над­гле­ду­ва­ње, за кој се сме­та де­ка го ко­рис­тат влас­ти­те за тај­но да дој­дат до по­да­то­ци, пишува Вест.

internet hakeri spioniranje“Си­ти­зен лаб”, ис­тра­жу­вач­ка гру­па на Уни­вер­зи­те­тот од То­рон­то, от­кри де­ка сер­ве­ри­те за ко­ман­да и кон­тро­ла на “Фин­фи­шер” се ак­тив­ни, или би­ле при­сут­ни, во 36 зем­ји, ме­ѓу кои и Ма­ке­до­ни­ја.

Според нивниот извештај во земјава им сервер кој може да испрати штетен софтвер до Вашиот компјутер, прекриен зад популарниот пребарувач Mozilla Firefox и потоа преку него, да следи се што правите на Интернет. Софтверот може да криериа и да испраќа скриншатови од вашиот монитор, да прегледува низ вашите електронски пораки па дури да ја вклучи вашата веб камера и микрофон.

Како што велат канадските научници, Finfisher е отпорен на сите популарни антивирусни програми, па практично не невозмжно да биде детектиран пред да се инсталира на вашиот компјутер. Покрај Македонија, во опкружувањето софтверот се користи и во Бугарија, Србија, Унгарија, Австрија и Турција.

theireyesmap-webНаучниците предупредуваат дека е развиена и мобилна верзија на овој софтвер што значи дека може да се закачи и на вашиот телефон и да испраќа податоци од него.

Во 2011 го­ди­на, “Би-Би-Си” дој­де до до­ку­мен­ти во об­јект за др­жав­на без­бед­ност во Еги­пет, ог­ра­бен за вре­ме на не­ми­ри­те, кои су­ге­ри­ра­ат де­ка бри­тан­ска­та ком­па­ни­ја им го по­ну­ди­ла “Фин­фи­шер” на еги­пет­ски­те влас­ти за да ги сле­дат ак­ти­вис­ти­те. “Га­ма ин­тер­нешнл” де­ман­ти­ра­ше де­ка го ис­по­ра­ча­ла соф­тве­рот, но до­ку­мен­ти­те на “Би-Би-Си” опи­шу­ва­ат де­ка има­ло пет­ме­се­чен тест-пер­и­од, кој вклу­чу­вал ус­пе­шен прис­тап до елек­трон­ска пош­та и сни­ма­ње на шиф­ри­ра­ни по­ви­ци пре­ку “Скајп”

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1