И во Скопје има машки радодајки за пари – жиголо тврди дека одлично заработува


Додека студирав право, другарував со еден колега со кој од време на време одевме на пијачка. И секогаш ме изненадуваше тоа што во себе имаше многу пари иако знаев дека ништо не работи и потекнува од сиромашно семејство.

Секогаш беше добро облечен, имаше кола и покрај себе имаше по некоја убава жена. Често се прашував од каде му се парите, дали можеби е вмешан во некој криминален бизнис. Тоа прашање ме мачеше се додека една вечер не ми се отвори кога веќе бевме видно пијани.

odliТој работел како жиголо. Дотогаш мислев дека кај нас жигола и не постојат. Може низ Македонија да се сретнат еден куп жени проституки, но мислев дека нивна машка варијанта и не може да функционира во ова наше општество. Сепак мојот колега ме увери во спротивното. Тој го работел тоа веќе неколку години и одлично му одел бизнисот.

Почна да ми објаснува дека е голема разликата помеѓу жиголата и проститутките и дека жените од жиголата бараат многу поразлични работи отколку мажите од проститутките. Ми кажа, жените сакаат покрај себе да го задржаат мажот, па затоа и постојано му плаќаат се повеќе и повеќе, за тој да биде подолго со нив, додека мажите бараат само секс од проститутките. Има и такви жигола кои работат по принцип- секс за една ноќ, но повеќето остануваат на подолги стази, задоволни од плаќањето.

Има жени кои што со своите мажи не можеле да постигнат оргазам и често додека воделе љубов мака мачеле замислувајќи во својата фантазија секс со други момци за да стигнат до овој сексуален врв на задоволството. И такви имам меѓу клиентките. Тие буквално уживаат во секоја секунда со мене и не жалат пари.

Имало и госпоѓи со прљава фантазија кои замислувале како некој млад дечко ги фаќа на улица и ги силува па неретко ме терале да си играме такви игрички. И да ти кажам досега не сум налетал на некоја што се пожалила од мене. Да бидам искрен, јас и немам некој огромен пенис, дури можеби ми е и под просекот, но знам како да се однесувам со нив и да ги доведам до сексуална екстаза.Сфатив дека за да задоволиш жена треба само да и покажеш колку е посакувана и да се почуствува сакано, дури и ако не ја сакате, заврши тој.

Дипломиравме на факултет, го немав видено бајаги време, а пред некој ден го сретнав на плоштад, оженет и со мало бебенце. Се вработил како адвокат и веќе не го работи тоа. Којзнае и дали сеуште опстојува овој „бизнис“ низ Скопјево за време на оваа рецесија.

А кога се сетив на последниот разговор со него и неговата последна реченица, си помислив на следното- Кога тој можеше да го прави тоа за пари, зошто поголемиот број на „поштени“ мажи не го прават тоа од љубов?

ZaSe.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1