Идеалното ариевско бебе со чија слика нацистите се фалеа – било Еврејче! (Видео/Фото)


Меморијалниот центар на холокаустот, Јад Вашем во Ерусалим неодамна примил еден необичен подарок од нацистичкиот период – нацистички семеен магазин со фотографијата од идеалното ариевско бебе на насловната страница.

bebe nacisti evrejceИнтересно е тоа што бебето всушност било еврејско девојче, чија слика намерно е пратена на конкурсот за да се исмее ариевската филозофија. Вистинскиот идентитет на бебето никогаш не е откриен од страна на нацистите, пренесуваат израелските медиуми.

Бебето било Хеси Левинсон, сега Тафт, осумдесетгодишна Еврејка, која живее во Њујорк. Нејзините родители кои биле музичари се преселиле во Берлин од Латвија, а потоа пребегале во Париз, па во Куба, за на крај за се преселат во САД.

Целата приказна веќе долго време стои на сајтот на Меморијалниот музеј на холокаустот во САД и книгата „Хроника на Холокаустот“ и истата пробудила голем интерес.

Професорката Тафт вели дека нејзината мајка ја однела кај познат фотограф во Берлин во 1935 – та година за да ја фотографира , а еден месец подоцна ужасната ја препознала фотографијата во магазинот. Мајката стравувала дека ќе ги откирјат дека се Евреи, а кога му се доверила на фотографот, тој и рекол дека намерно ја пратил фотографијата на конкурсот за најубаво бебе од ариевска раса.

a-650x396–  Сакав да ги исмеам нацистите, рекол фотографот. Џозеф Гебелс, министер задолжен за нацистичка пропаганда, наводно самиот ја избрал фотографијата за насловната страница.

Нацистите никогаш не го утврдиле вистинскиот идентитет на бебето. Семејството побегнало од Германија  откако таткото бил привремено во затвор, па пуштен на слобода.Тие заминале во Париз, а оттаму припадници на француското движење за отпор им помогнал да пребегаат на Куба. По војната се преселиле во САД.

– Сега можам да се смејам, но да знаеја нацистите која сум, сега немаше да бидам жива, раскажува Тафт, професорка по хемија.

– Чувствувам мала одмазда. Нешто како задоволство, изјавила таа доделувајќи ја фотографијата на Јад Вашем.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1