Идеја: Пржени кисели краставички


Ова е навистина генијална идеја, за која досега ниту нам не ни паднала на ум. Порталот часови по готвење го пренесува рецептот за ова интересно мезе.

Потребно е:

кисели краставички

120 гр брашно

2 јајца, изматени

60 гр лебни трошки

масло за пржење

Подготовка: Во посебен сад ставете ги сите состојки потребни за панирање. Краставичките исечете ги на тркалца кои нема да бидат многу дебели, но ни многу тенки. Почнете да панирате по следниот редослед: брашно, јајца и лебни трошки. Во тенџере ставете поголема количина масло за јадење да се загрее. На загреаното масло ставете ги панираните кисели краставички. Пржете ги додека да добијат убава златна боја. Внимавајте да не загорат лебните трошки. Готовите краставички ставајте ги на чинија обложена со кујнска хартија за да ја впијат вишокот маснотија. Сервирате со убав сос по желба. Одлично ќе се согласуваат со пржените зденки и маслинки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1