Идентификувани се двајцата напаѓачи кои учествува во инцидентот меѓу симпатизерите на СДСМ на конвенцијата во Куманово во кој со нож беше прободен директорт на ЈП охридски Комуналец, Сашо Алчев.
Сител од свои извори во истрагата, дознава дека станува збор за Зоран Т. и Јоцо А. и двајцата вработени во Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот започнал на самата конвенција. Во еден момент Зоран Т. и Јоцо А. го однеле Алчев во канцеларијата на директорот на салата во Кумново, каде што и го нападнале.
Вработените во МВР, Зоран Т. и Јоцо А. им се добро познати на нивните колеги во полицијата. Во нивните досиеја, стојат бројни дисциплински мерки, а Зоран Т. во февруари добил и отказ од МВР бидејќи заедно со Јоцо А. учестувал во тепкачка во ноќниот бар Аудиториум кога напднале ракометари на Металург, јавува Сител.
Зоран Т. се жалел на отказот од МВР па со судска одлука, на 2 јануари годинава е вратен на работа, а меѓувреме, според информации на Сител работел како обезбедување на високи функционери на СДСМ.
Сител од извори во истрагата дознава дека осомничените најверојатно ќе одговараат за убиство во обид. Според последните информации, Јоцо А. и Зоран Т. се уште се во бегство а полицијата интензивно трага по нив.