Вишокот од јавната администрација ќе биде отпуштен и со преквалификација понуден на приватните компании. Ќе се чека скринингот и отворањето на поглавјата за преговори со ЕУ каде што се бараат реформи и во администрацијата. Повисоките плати од 5 отсто за идниот септември е планиранo да се случат откако ќе се знаат резултатите од контролите на реформата.
Ова го изјави премиерот Зоран Заев вчера пред бизнисмените од Стопанската комора на расправата по предлог буџетот за следната година.
На дел од административците ќе им се заблагодариме, ќе им понудиме преквалификација преку програмите на Агенцијата за вработување и ќе ги понудиме на приватните компании. Тие ќе треба да им обезбедат соодветна обука, а ние сме подготвени од шест месеци до една година да им обезбдеиме плати додека трае обуката. Вие ќе треба да им гарантирате дека по завршување на обуката ќе ги вработите – им се обрати Заев на бизнисмените.