Идната недела ќе се знае кои компании ќе добијат неповратни 600 илјади евра


Неповратни 160 илјади евра за иновации. Идната недела ќе бидат познати компаниите кои ќе добијат пари од Фондот за иновации.

На стартот на идната недела ќе се знае кој од 80-те старт ап и спин оф компании ќе добијат државни пари за финансирање на иновативни проекти.

denari

Членовите на комитетот за одобрување на проектите, врвни меѓународни експерти, се во Скопје. Од нив ќе зависи кои апликации ќе бидат приоритетни во финансирањето.

-Во моментот скенираат 34 од над 70 проекти, кои се селектирани врз основа на теренска посета, претходна оценка на квалитетот и потенцијалот. Финалната одлука е на меѓународните експерти, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, пренесува Канал 5.

Владината помош од првиот оглас на фондот за иновации ќе се исплаќа од јуни.

– Меѓународните експерти оценуваат 34 од над 70 проекти кои ги доставија компаниите. Овие 34 се резултат на фазата на претселекција и оценување на нивниот квалитет и перформанс од страна на стручните лица. Токму овие 34 проекти кои се проверени и селектирани врз основа на теренска посета, на оценка на квалитет, на истражувања на потенцијал ќе бидат финално селектирани од страна на меѓународните експерти. Покрај иновативноста, критериуми за избор на проектите се и пазарниот потенцијал, капацитетот на менаџерскиот тим, соодветност на предвидените трошоци, како и целокупниот квалитет на проектот, вели Александар Ѓорѓиев, портпарол на Влада, пренесе Канал 5.

Првиот оглас предвидува распределба на 600 илјади евра неповратни средства, а една компанија може да добие најмногу 30 илјади евра. Фондот за иновации во втората половина од годинава најави втор оглас вреден 1,7 милиони евра.

-Преку него ќе се финансира комерцијализација на иновациите со максимална сума од 100.000 евра, трансфер на знаење до 200.000 евра  и акцелератори со најмногу 500.000 евра по компанија. Стратешка определба на Владата станува инвестирањето во иновациите. Според премиерот Груевски инвестицијата во иновациите е минимална, а добивката може да биде многу голема. Фондот за иновации годинава располага со 2,2 милиони евра, а во иднина преку него ќе бидат распределени 8 милиони евра, објави телевизијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1