Игор Југ, еден од осудените за настаните во Собранието на 27. април, се обрати денеска со Судот.
– „Постојат две најголеми предавства што човек може да ги направи, а тоа е да си ја предаде татковината, и да си го предаде семејството. Горд сум што никогаш не сум ги предал своите две семејства. Вие оценете дали сум човек кој би бегал, оти ние тоа во Куманово го викаме ‘голо куче‘.
Терористите се кријат во банана држави и си ја плаќаат слободата со милиони. А јас со што да си ја купам слободата, да му дресирам кучиња на Виктор Орбан? Ме осудивте на 12 години и понижен сум, требаше 15 и јас да изедам“, рече Југ.