ИЈЗ: Загаденоста на воздухот е алармантна и психотична


Над илјада смртни случаи годишно како последица од аерозагадувањето. Во грејната сезона за 40 проценти зголемен бројот на кардиолошки и белодробни заболувања. Болниците се преполни со пациенти. Ова се само дел од последиците по здравјето што ги предизвикуваат штетните ПМ 10 честички кои веќе десетина дена се и 15 пати над дозволеното во Тетово и Скопје. Дека граѓаните се гушат потврдија и од Институтот за јавно здравје. Велат дека имаме алармантна и психотична состојба и неопходно е преземање на итни мерки.zagaduvanje-2-300x225

Сите сме изложени на токсичната прашина. Станува збор за психотична состојба бидејќи ова е еден тип на еко психоза познат кога има голем токсичен период, а нема излез бидејќи воздухот не можеме да го смениме.Има миење улици со хемикалии-тоа е парцијална мерка која е насочена кон последицата, а не кон причината. Мерките мора да се насочат кон изворите и додека примарно не ги насочиме кон изворите ова ќе се повторува секоја година, изјави проф. др. Драган Ѓорѓев од ИЈЗ.

Привремено затворање на училишта и градинки и ограничување на сообраќајот се дел од препораките за кои наредната недела ќе разговараат во интерсекторската група составена од претставници од повеќе министерства. Дотогаш, од Институтот за јавно здравје со препораки до населението за ублажување на последиците од алармантното загадување.

Се препорачува на отворен простор што помалку да се престојува, физичка активност да се прекине во вакви услови, активност на надворешен простор да се ограничи. Има и препораки да се носат маски во индустрии каде е загрозен белодробниот систем, вели Ѓорѓев.

Од Инситутот за јавно здравје велат дека ризикот од загадениот воздух е три пати поголем кај пушачите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1