ИКЕА кај Загреб итно евакуирана


Стоковната куќа ИКЕА во близина на Загреб денеска била итно евакуирана.

Таму денеска попладне накратко биле изгаснати светлата во цела продавница, а купувачите веднаш преку разглас биле замолени „поради технички проблеми“ итно да излезат од објектот и да не се задржуваат во негова близина.

Купувачите мирно и без паника ја напуштиле зградата.

Досега ИКЕА нема соопштено никаква информација ниту преку социјалните мрежи, ниту преку својата служба за односи со јавност во врска со инцидентот.

Полицијата во Загреб потврди дека добила дојава и веднаш се упатила на самото место.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1