Илиевски: Немој да се изненадите ако еден ден слушнете дека Ахмети и Заев станале професори


„Политиката доминира во високото образование. Не е чудо еден ден да слушнете дека Али Ахмети ќе биде професор на тетовскиот универзитет, или Зоран Заев на штипскиот“, вели во интервју за Пресинг ТВ просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски кој поради откривањето законски пропусти при добивање звања на Државниот Универзитет во Тетово за функционери на ДУИ беше даден на дициплинска постапка и е деградиран.

„Грешката за која сум казнет е дека сум го нарушил етичкиот кодекс. Но ваквиот чекор, да затаам нешто е неетичен однос и кривично дело. Јас бев укажувач, а тоа мора да биде од јавен интерес, да се знае вистината“, истакнува Илиевкси.

Тој за ПресингТВ, раскажувајќи го текот на настаните открива дека по објавувањето на случаите за унапредување на тројца функционери почнал да добива закани и да му се врши притисок. Меѓу другото, вели дека министерот за образование Арбр Адеми и заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, го замолиле да го прикрие случајот.

„Едниот ме замоли татковски, а другиот пријателски. А, и пријателски ми кажаа да внимавам дека имам семејство и деца“, вели Илиевски.

За неговиот случај тој ги информирал домашните институции за кои вели дека многу бавно ги вршат работите и се сомнева дека и таму политиката навлегла во тоа што значи законитост. Ги известил и амбасадите во државата од каде го охрабриле да истрае на законитоста.

Според него во една нормална правна држава ваквиот скандал се санкционира и веднаш се поднесуваат неотповикливи оставки, како на министрите и јавните функционери, исто така се размислува и дали може понатаму да функционира една Влада на Македонија.

Илиевски од студиото на ПресингТВ порача и ги охрабри сите инспектори слободно да излезат во јавноста и слободно да ги искажат проблемите за кои вели дека ги има.

Целото интервју со просветниот инспетор Ѓорѓи Илиевски погледнете го на Pressingtv.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1