Навивачите на Нагоја му оддадоа големо признание на македонскиот фудбалски интернационалец Никола Јакимовски кој од неодамна е член на овој јапонски клуб.
Тие на дуелот со Џубило Ивата на стартот од сезоната го поздравија Јакимовски со десетици македонски знамиња и со скандирање „Македонија, Македонија“.
„Беше неверојатно чувство. Би му посакал на секого ваков пречек, иако сум во далечната Јапонија, се чувствувам добредојден и како во бајка“, вели Јакимовски во изјава за спортскиот портал „Екипа“.
Izvor – Ekipa.mk