Грабежот се случил вчера околу 17 часот. Полицијата трага по тројцата насилници.
Без 2.600 евра и 2500 денари останала брачна двојка од Тетово по вчерашниот грабеж во нивниот дом на улицата „Гоце Делчев“.
Ккао што информираше полицијата, тројцата крадци, од кои едниот бил маскиран, влегле во нивната куќа и ги нападнале. Откако ги совладале,им ги врзале рацете и нозете со самолеплива лента на 77 – годишниот Р.В. и на 71 – годишната Х.В.
Откако пребарале низ куќата и ги нашле парите крадците избегале. Се уште се трага по нив.