Кога одговорните во школото во шпанскиот град Монтсрат објавиле дека поради недостаток на пари ги укинуваат слободните превози на учениците, револтираните мајки се одлучиле да ја земат работата во свои раце.
Не се решиле да организираат коцерт или тамболина, туку почнале да позираат за еротски календар.
Со продажба на календарот ќе соберат пари за превоз на своите деца до крајот на школската година.
Кога дознале дека 600 студенти ќе останат без автобуски превоз, мајките решиле да протестираат, нешто кое што не вродило со плод.
Затоа се решиле да испробаат порадикални мерки.
Една од нив почнала да турка количка во долна облека.
Жените од сите возрасти почанле да се сликаат за еротски календар, кој станал вистински хит во градот.
Некои се сликале и топлес, а некои речиси целосно голи.
Продажбата била до толку успешна, што десет мајки собрале доволно средства за изнајмување на школскиот автобус до јуни, кога се завршува школската година.
Услугата на превозот месечно чини 4100 долари.
Мајките успеале да соберат доволно пари, па планираат да направат календар и за 2014 година.
Вкупно се испечатени 3000 календари, а мајките се надеваат дека до крајот на месецот ќе ги продадат сите, како и тоа дека и наредната година да го повторат проектот.
Финансиската криза и понатаму ја потресува Шпанија, а експертите прогнозираат дека најлошото допрва доаѓа.
Во моментов 55% од младите останаа без работа, а во текот на изминатите 12 месеци, се отпуштени вкупно 691,700 луѓе.