Камион за смет на Комунална хигиена Скопје бил украден додека бил на сервис, јавува СДК.
Според информациите, камионот бил украден од гаражата на сервисот додека тој не работел.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека кај нив е пријавен овој случај и работат на негово расчистување.
„На 12 ноември е пријавено во полициска станица дека е одземено товарно возила марка ‘рено’ на 5 ноември во период од 20 до 21.20 часот на улица Трета Македонска бригада. Возилото не било заклучено, се работи на случајот“, велат од МВР.
ЈП „Комунална хигиена“ има само 26 камиони за собирање ѓубре низ скопските улици и булевари.