Им ја расипал свадбата на Северина и Игор: Кеба се скара со синот на веселбата


Драган Којиќ Кеба ја упропасти свадбата на својот син Игор и снаата Северина, откриваат гостите кои присуствуваа на нивната венчавка во неделата во еден белградски хотел.

Фолк-пејачот ја прекинувал неколкупати гламурозната програма која ја организирале маладенците, а на крајот и се скарал со својот син пред бројните гости. Некои од нив тврадат дека Игор викал по Кеба затоа што во текот на цела ноќ го држел микорфонот и се однесувал како водител на програмата.KEBA IGOR

-Седни овде и немој да ми ја расипуваш веселбата, викал во еден момент младоженецот.

Изворот кој инсистира на анонимност вели дека гостите се прашувале кој се жени Игор или Кеба?

Долгогодишната пријателка на Кеба, Злата Петровиќ признава дека нејзиниот колега бил шеф на парадата, но таа тврди дека тоа не и пречело:

-Кеба ја прекина програмата која младенците ја испланирале, но подобро што го направи тоа. Тој почувствува дека недостигаат „народњаците“ без кои не може да помине ниту една веселба во Србија. Не ми беше ни грдо, ни чудно што ја прекина програмата. Самиот доста пееше, испеа безброј песни, ме повика и мене, сакаше да ги испочитува и сите свои колеги, ги повикуваше на бината еден по еден, вели Злата.

Од друга страна Нада Топчагиќ вели дека нејзе не ја испочитувал:

-Кеба го зеде микрофонот и од него никој не можеше да дојде на ред. Многумина сакаат да ја испеам „Јутро је“, но тој не ми дозволи. Ми доаѓаше да му речам „Немој да давиш човеку“ Требаше да ги пушти младенците да си ја реализираат својата програма до крај, подобро ќе беше, признава Нада.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1