Им подлегна на повредите – на КАРИЛ почина 19-годишен возач


Ноќва во 03.00 часот во КАРИЛ-Скопје почина Алдин О. (19) од с.Долно Коњари, скопско. Момчето на 6 јуни во 23.35 часот во с.Ржаничино управувајќи возило „ауди 80“ со предниот десен дел удрило во бетонски столб за телефонска мрежа и во камен ѕид од дворно место.kliniki- brza pomos urgenten

По незгодата возачот и сопатникот С.М. (20) од истото село со возило на Брза помош се пренесени во Ургентен Центар за укажување лекарска помош. Од страна на доктор кај Алдин биле констатирани тешки телесни повреди. Кај сопатникот се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош истиот е пуштен на домашно лекување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1