Холи Броквел има 29 години и проблем кој јавно го споделила со светот – државата одбива да и плати стерилизација бидејќи е многу млада. Ова е нејзиниот одговор.
Холи вели дека ги пробала сите можни таблети за контрацепција, но дека сите ѝ предизвикуваат здравствени проблеми како малаксаност или вртоглавица. Таа тврди дека веќе на 26 години знаела дека никогаш нема да сака бебе, а три години подоцна се бори државата да ѝ финансира стерилизација.
– Никогаш не сум сакала дете и никогаш нема да сакам. Логично решение е стерилизација. Велат дека сум премногу млада и дека процедурата не може да се поништи, а дозволуваат малолетнички да се породуваат на 16 години, како бебето да може – огорчено вели Холи.
Таа вели дека не сака да се оправдува и дека се обидела да објасни зошто не сака дете.
„Тешко е да се објасни зошто нешто не сакаш, како кога некому би му објаснувал зошто не сакаш пица. Еве, кога ги опишувате сите тие прекрасни моменти – како ги храните децата, ги држите во прегратка и ги носите во училиште, се што јас чувствувам во себе е – „не, благодарам““.
Холи Броквел вели дека и нејзината мајка не сакала деца, но дека татко ѝ ја наговорил.
„Таа цел живот се чувствуваше како да е заробена со тој избор. Немаше слобода. Видов како изгледа животот со деца, целиот труд кој е потребен, непрекинато готвење и чистење. Ги почитувам луѓето кои го можат тоа и сметаат дека вреди тоа, но јас немам вродена желба за дете“.
Таа вели дека една изјава ја плаши повеќе од се.
– Кога ќе слушнам некој кога ќе рече „децата се мојот живот“ затреперувам. Мојот живот е мој живот. Сакам кариера, пари, време и енергија. Сакам да бидам Холи, а не „мајка“. Кога ќе го кажам тоа, родителите ме гледаат како да сум мртва одвнатре. Не разбираат дека не сакам мал демон кој вреска во 4 часот наутро. Сите ми велат дека ќе се предомислам, и дека ќе зажалам поради мојата одлука – бесна е Холи.
„Оваа интервенција би ме чинела околу 1.500 долари, но неопходно е да имате одредени години и секако, согласност од гинеколог. Еден лекар дури отиде толку далеку да ми каже дека ќе ја изврши стерилизацијата доколку прво родам барем едно дете. Фрустрирана поради ваквата ситуација одлучив своите размислувања да ги споделам јавно и на тој начин да ја поттикнам полемиката на оваа тема“, заклучила Холи.