Каутиља Пандит е она што народот често го нарекува жива енциклопедија. Ова момче, кое има само седум години, на неверојатен начин апсорбира информации од речиси сите сфери на животот, дали станува збор за географија, биологија, па дури и за дневно-политички прашања.
Со него можете без проблеми да разговарате за екномската ситуација, но и за актуелната политичка сцена во Индија. За тоа каков е капациетот на ова момче сведочи и податоткот дека за три месеци успеал да запомни сите статистички податоци од 213 земји во светот, вклучувајќи го и нивниот БДП, валута, вера и културно наследство, пишува Индија Трибун.
Каутиља од селото Коханд во областа Харјан, стана славна личност во Индија, речиси како национален херој. Тој редовно ги посетува училиштата во Индија, одговарајќи на разни прашања. Дури и на националната телевија бил каде точно одговарил на секое поставено прашање.
Ова момче ја има таа можност да помни се заради големата изразеност на „фотографската меморија“, поради што во Индија го доби прекарот „Гугл“. Јавноста дозна за него кога пред две години како пегодишно дете почна да го изразува неговиот необичен талент, па уште тогаш зборуваа дека тој знае да одговори на прашања кои не ги знаат ни научниците.
Каутиља вели дека за неговите достигнувања се најзаслужни неговите родители, но и наставниците кои многу рано го забележале неговиот необичен талент.
– Мислам дека најдобра работа во ова е тоа што имав среќа покрај себе да имам родители и наставници кои го забележале мојот талент и ми помогнаа да го развијам, рече тој и додаде:
– Мојот најдобар пријател е мојот дедо. Не знам зошто сум поинаков од другите, но можеби е тоа што сум љубопитен по природа, рече тој.
Неговите родители велат дека се многу горди на својот син.