Осумгодишното девојче заболела од рак на дојка и е најмладиот евидентиран случај на ова боледување.
Криси Тарнер од Јута открила грутка на своите гради минатиот месец. Тестовите откриле дека има редок облик на рак на дојката и дека и е неопходна мастектомија, а со ова, таа е најмладата личност на која и е дијагностицирана оваа состојба.
Редок вид на рак на дојката кој таа го има, ги погодува само еден во милион личности кои патат од оваа болест, а Криси ќе мора да ја направи таа мастектомија.
– Многу се исплашив кога прв пат дознав за ова, но знам дека ќе се изборам и се надевам дека ќе ја победам оваа болест, објаснува Криси.
Исто така, нејзините родители страдале од рак во минатото.
Нејзината мајка, Анет, се борела со ракот на грлото на матката, а нејзиниот татко моментално има не-Хочкинов лимфом, кој бил дијагностициран уште кога Криси била бебе.
Знаејќи дека и Криси има рак, го скршило нивното семејство, а пријателите во меѓувреме основаа фондација за собирање пари за нивните сметки во болницата.
Ова семејство покрај сите тешкотии, продолжува да се бори и не губи надеж дека ќе ја победат оваа тешка болест.