Мухамед Мурад Ал Балуши (67) од Соединетите Арапски Емирати е горд татко на 93 деца, кои, како што тврди, потекнуваат од половина земји во светот.
Тој во текот на својот живот се оженил со 22 жени, а наскоро планира повторно да стапи во брачна заедница. Има 56 синови и 37 ќерки.
Најстарото дете е 38-годишен син, а најмладото е тригодишна ќерка. Тој рекол дена ниту една од жените во моментот на стапување во брак не била постара од 20 години. Досега закопал пет сопруги.
Последен пат се оженил пред седум години, а за два месеци ќе добие ново дете.
Ал Балуши се надева дека тоа нема да биде последното, а цел му е да го доживе раѓањето на неговото 100-то дете.