Има 97 сопруги, 107 пати се женел и 10 пати се развел: „Се уште сум жив и ќе се женам повторно!“


Доаѓа од Нигерија, има 92 години и вкупно 97 сопруги. Неговото име е Мохамед Бело Абубакар и е најпознатиот полигамист не само во Нигерија, туку и во светот.

Иако има 97 сопруги, тој не мисли дека е доста. Вели дека се чувствува многу жив и дека повторно ќе се жени.abubakir

Оваа контроверзна личност живее во Биди, а за многу бројните бракови тврди дека Бог тоа го барал од него.

До сега има склучено 107 бракови, а сури 10 пати се развел. Пред извесен период локалните медиуми објавија дека е починал по кратка болест.

-Драги мои, јас сум жив, здрав и полн со енергија. Гласините се шират бидејќи луѓето се љубоморни на мене. Она што јас го правам е свето, тоа ми е задача дадена од Бог и јас ќе ја исполнам д крај, објаснува тој.

Ги надживеал најголем број од своите 185 деца

Абубакар има сопствено толкување на Коранот, па според него светата книга на муслиманите не наметнува ограничувања.

Во 2008 година е уапсен, според лојалниот шерјатски суд. Пуштен е од затвор но под услов да се разведе од сите освен од 4 сопруги. Дел од муслиманските толкувања на Коранот, дозволуваат маж да има најмногу 4 жени.

Но, по се изгледа дека не го почитува тоа.

-Имам 97 жени и ќе продолжам да се женам додека сум жив, вели тој.

Инаку, Абубакар ги има надживеано најголем број од своите 185 деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1