Има неколку повредени во демонстрациите вечерва пред Собранието на Македонија. Интервенираше и Брзата помош, јавува САКАМДАКАЖАМ.МК
Од службата за итна помош за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека интервенирале на барање на полицијата и дека нивните екипи се на терен, без да дадат информации за бројот на повредени.
Полицијата употреби десетина шок бомби и солзавец за растурање на демонстрантите.