Има само 29 години и знае дека ќе почине на 1 ноември (ВИДЕО)


Што може да направи една личност која се соочила со неизлечив вид на рак и која притоа е потполно свесна за фактот дека нејзиниот суден ден е се’ поблиску и дека притоа ќе почине во најлоши можни болки?

Уште од памтивек луѓето имале некое морбидно тежнеење за тоа некој видовит човек да им го предвиди точниот или судниот ден, па можеби и час, кога ќе настапи нивната смрт. Но, никој со сигурност не би посакал да му биде соопштено дека ќе умре во најголема агонија од тешка и неизлечива болест каква што е ракот на мозокот.Screenshot_8

Кога таа дознала дека во нејзиниот мозок всушност се развил глиобластом, неоперабилен тумор во четврт стадиум и дека и преостануваат максимални шест месеци живот, Британи Мејнард одлучила да го сочува своето основно човечко достоинство.

Заедно со својот сопруг, со максимална поддршка и од своите родители, таа донела една навистина храбра одлука, а тоа е дека на први ноември, токму на Денот на мртвите, докторот ќе и вбризга летална доза на лекарства која ќе ја спаси од ужасните маки и ќе и помогне да умре во мир.

– Јас умирам, токму затоа избирам да патам што помалку. Не сакам да минувам низ физичка и емоционална болка, но сакам да го поштедам и своето семејство и фамилија. Верувам дека мојот избор е морален, бидејќи и етички го чини фактот што сепак имам право на избор, објаснува Британи зошто токму се определила за асистирано самоубиство, наместо да чека нејзиниот последен час да тропне во потполна агонија.

Што сметате за овој потег на Британи? Дали е ова една навистина храбра одлука која би ја поддржале? Единствено нешто со кое веројатно сите ќе се согласите е дека никој никогаш не би посакал да се најде во кожата на Британи и во состојба во која одлучно би се одлучиле за еден ваков тежок чекор…

Слушнете ја и нејзината приказна:

извор: Кармин

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1