Имал болни фантазии како силува и убива жени – доброволно отишол на хемиска кастрација (Видео)


Еден млад човек по име Стив (лажнo име) ја подели неговата приказна со публиката на шоуто This Morning’s Crime Week, во кое тој објаснува како и зошто одлучи да се подложи доброволно на хемискакастрација. Момчето доброволно го сторило тоа бидејќи се почесто имал болни сексуални фантазии. Замислувал и се возбудувал на фантазии за силување и убиство на жените со кои има односи.

kastracijaОвие болни фантазии започна во неговите дваесетти години, и како тој сфатил дека тоа би можело да го доведе до криминал веднаш се обратил до лекар специјалист. Откако бил прегледан од психијатрите тој доброволно по нивната дијагноза дека е опасен за околината, се запишал на програмата за хемиска кастрација

-Се започна кога почнав да ја изневерувам тогашната партнерка. Гледаав и барав жени на интернет и се сретнував со нив. Станав многу успешен во заведувањето жени и почнав да се натпреварувам сам со себе колку жени и што побрзо ќе ги одведам во кревет по запознавањето на интернет. Сексот стана досаден и почнав да барам екстремни методи за да се возбудам.  Постепено, станав насилен и почнав да развивам фантазии за сексуален напад и силување. Јас дури и замислував убиство на една жена, со која спиев – објасни Стив.

siluvanje1Сепак, кулминација била кога излегол една ноќ и во автомобилот ставил алатки потребни за убиство.

– Возев наоколу и викав жена. Тоа беше лесно, но не ја повредив – неговиот терапевт, рече дека се спасила само поради тоа што започнала разговор со потенцијалниот убиец.

Психијатрите го опишале како многу опасна личност, кога ја чул дијагнозата во која и самиот се сомневал и поради копја се плашел дека ќе повреди некого се согласил доброволно да се подложи на хемиска кастрација. По тоа вели дека нема повеќе болни фантазии, иако нема секс една и пол година.

Инаку, хемиска кастрација е процес што вклучува употреба на лекови кои го потиснуваат сексуалниот нагон кај мажите. Во некои земји, како Велика Британија, Канада, Полска, Русија, и дел од САД, веќе се спроведува.

Методот се содржи од тоа секој месец пациентот добива инекција, поради која лицето не чувствува никаква сексуална желба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1