Имале Фејсбук врска – кога се виделе конечно, ја убил


Винет Синг (22) и Јоти Кори (45) од Индија, биле во две годишна сајбер врска преку Фејсбук, но никогаш не се виделе во живо. Кога прв пат се сретнале, момчето сфатило дека Јоти го лажела и од шок ја убил, а подоцна пукал и во себе

Indija-ubistvo-fejsbukДвајцата дошле во контакт преку Фејсбук, пред нешто помалку од три години. Синг бил без работа, а Јоти била домаќинка на која очигледно и било досадно, па доста време поминувале допишувајќи се на Фејсбук.

Како изговор за да заминат од дома и да се видат, Јоти на своето семејство му рекла дека оди на два дена кај мајка и, а момчето соопштило дека оди во Њу Делхи, за да се обиде да најде работа. Меѓутоа, никој не можел ниту да замисли дека нивната средба крваво ќе се заврши.

Кога конечно се виделе во живо, Винет се шокирал. Сфатил дека неговата виртуелна девојка лажела, не само за годините, туку и за брачниот статус. Јоти му се претставила како 21 годишна девојка, а всушност имала 45 години и била мажена и мајка на три деца.

Кога сето тоа го дознал, тој пукал во Јоти, а подоцна и во себе.

Таа починала на лице место, додека Винет починал подоцна, во болница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1