Имаме докази дека во Косово на Срби им ги ваделе органите – тврдат американски новинари (Видео)


Американските новинари Мајкл Монтгомери и Стивен Смит допатувале на Косово 1999 година за да ја истражат тамошната повоена ситуација. Нивното истражување доведе до докази кои укажуваат на поврзаноста меѓу Ослободителната војска на Косово (ОВК) и криминалните банди вклучени во шверцот на органи

vojska_kosovo_1999_675312S1Монтгомери раскажа дека тој со неговиот колега, пристигна на Косово непосредно по војната, фокусирајќи се на селото во кое српските паравоени сили извршиле ужасен масакр. Сепак, еден месец по војната на злосторствата не им дојде крајот. Кога НАТО ја протера српската армија, а етничките Албанци се вратија на Косово, воените злосторства продолжија, но сега над Србите.

На Косово тогаш се слчуваа мистериозни исчезнувања на Србите кои беа киднапирани, а потоа транспортирани во Албанија. Таму ги дочекале лекарите кои вршеле лекарски преглед, а некои од киднапираните лица по лекарскиот преглед како избраници и ги носеле на друга локација, ги убивале, а нивните органи ги продале на црниот пазар.

Според тврдењта на американските новинари, сите сомнителни докази дека во одредена албанска куќа се случувале операции на вадење органи биле подоцна уништени. Монтгомери и Смит веруваат дека некои од високите членови на косовската армија биле поврзани со криминални организации кои тргуваат со човечки органи

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1