Кралицата на ромската музика Есма Реџепова утре во алејата на великаните ќе биде испратена во вечниот дом. Таа позади себе остави богат музички репертоар кој ќе се пее со децении.
Есма низ светот е позната по својата хуманост. Кралицата на ромската музика никогаш не роди свои деца, но затоа посвои 47 сина и една ќерка. Елеонора ќерката на Есма со тага и болка ја прими веста за смртта на пејачката, таа се огласи на социјалните мрежи.
-Твоите песни ќе ги чувам како очите, напиша Елонора.