Малечкиот Томас Каминс (13) од Маријета во Оклахома се обидел од пожарот да го спаси својот парализиран татко Џејмс (60), но ниту еден не преживеа.
Окружниот шериф Марти Гришем раскажа дека мобилната куќичка на Каминс пламнала во 1 часот наутро во средата.
Во тој момент во куќата спиеле Џејмс и неговите две деца: 16-годишната ќерка чие име не е соопштено, и малиот Томас. Децата спиеле во дневната соба каде и избил пожарот.
Прво се разбудило девојчето, кое го видело пламенот и го разбудило братот, па отрчало преку улица да го викне соседот на помош. За тоа време малиот Томас му помагал на таткото да се смести во инвалидската количка. Меѓутоа двајцата се задушиле од чадот.
-Девојчето дојде, му се тресеше вратат аи се преплашив кога ја видев зошто не сфатив што се случува, раскажува соседот Франциско Санчез, додавајќи дека дури тогаш го видел пламенот.
-Тој е мој пријател, и се обидов се, ама бев немоќен зошто огнот беше огромен, а мојата жената почна да вика. Се чувствуав ужасно, рече Санчез.
Кога пристигнаа пожарникарите и го изгаснија огнот веќе беше предоцна.
„Семејството едноставно спиело, а синот направил се што може за да го спаси својот татко. Ова е многу тажна приказна, рече шерифот.
Преживеаја ќерката тенеиџерка и мајката која во време на пожарот не била дома. Тие двете сега се кај роднини.
Причините за пожарот се уште не се познати, а полицијата се сомнева на греалката. Меѓутоа мобилната куќат олку е изгорена што ќе биде тешко да се утврди.