Имате клима уред? Еве како да заштедите електрична енергија


Претераното трошење на електричната енергија не само што чини повеќе, туку и предизвикува поголемо согорување на јаглед и други фосилни горива што придонесува за глобалните климатски промени.

Поради тоа важно е да се знае на кој начин е најдобро да се користи клима уредот да максимално да се заштеди електричната енергија.klima-uredaji-legionarska-bolest-koksaki-virus-1341348316-181105

Можеби изгледа како непотребна потрошувачка на електричната енергија кога ја вклучувате и ја исклучувате климата, но на тој начин всушност ќе заштедите прилично голема сума пари, а клима уредот на тој начин ќе работи подобро.

Имено, системот за разладување на просторот најефикасно работи кога работи со полна брзина, отколку кога работи во куси периоди со помала брзина како би се задржала константната температура во текот на целиот ден.

Освен тоа кога клима уредот работи со полна брзина подобро ја чисти влагата од вашиот дом.

Електричната енергија можете да ја заштедите и ако термостатот на клима уредот го подесите на повисока температура (разликата меѓу температурата во просторијата и надвор не би смеела да биде поголема од 7-10 степени)

Според некои податоци, клима уредот троши 3-5 проценти помалку енергија со секој степен повеќе на термостатот.

За максимална заштеда на енергијата, клима уредот оставете го да работи на 26 или повеќе степени додека вие не сте дома.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1