Српската фолк пејачка Гога Секулиќ доживеала шок откако го посетила гробот на нејзиниот покоен сопруг Игор Рамовиќ.
Со фабра некој го прекрил нејзиното име на споменикот што го поставиле заедно со неговата мајка Зорица на неговото вечно почивалиште.
– Нивните дела говорат сами по себе, но поради тоа кога ќе помине годишнината ставам точка на се`. Му посакувам се` најдобро на оној којшто го сторил тоа, тој мора да е многу злобен човек, изјавила Гога за српскиот сајт „Ало“.
На споменикот на гробот на покојниот сопруг на Гога, сеуште пишува последен поздрав од мама, додека името на пејачката е префарбано со сива боја.