Слободан Чашуле беше еден од основачите на ТВ-Скопје, дописник од Чиле и од Перу, директор и главен уредник на Македонското радио од 1990-1994-та
По кусо боледување ноќеска во Мадрид на 70-годишна возраст почина Слободан Чашуле, новинар, политичар, амбасадор, министер за надворешни работи во периодот 2001-2002.
Слободан Чашуле беше еден од основачите на ТВ-Скопје, дописник од Чиле и од Перу, директор и главен уредник на Македонското радио од 1990-1994-та, а потоа и генерален директор на „Нова Македонија“.