IN MEMORIAM – RIP и РЕСПЕКТ Никола Младенов


Тажен ден за македонското новинарство

Заминувањето од овој свет на Никола Младенов е несомнено тажен ден за македонското новинарство и остава голема празнина во македонската медиумска заедница. Од “Млад Борец” до “Фокус”, Младенов беше поборник за вистината, активен чинител и страстен борец на барикадите од македонската демократска пролет.

mladenov 3

Мла­де­нов не тр­пе­ше да ра­бо­ти на­ра­ча­ни тек­сто­ви од цен­три­те на моќ, за­ла­гај­ќи се за ви­сти­на­та ка­ко клу­чен еле­мент на но­ви­нар­ска­та ра­бо­та. Во си­ве овие 20 го­ди­ни Мла­де­нов оп­сто­ју­ва­ше на сво­и­те ста­во­ви, на­мет­ну­вај­ќи го не­дел­ни­от вес­ник ка­ко ме­ди­ум кој врз па­зар­ни прин­ци­пи се бо­ри за сво­јот уг­лед и оп­ста­нок. Тој бе­ше чо­век со иде­ја, про­ек­ци­ја, ви­зи­ја.

 „Ние сме опо­зи­ци­ја и кри­ти­ча­ри кон се­ко­ја власт, не ме ин­те­ре­си­ра ко­ја е!“.

Ни­ко­ла Мла­де­нов е ро­ден на 10 март 1964 го­ди­на во Скоп­је. Тој е но­ви­нар што се афир­ми­ра во пер­и­о­дот на рас­па­ѓа­ње­то на СФРЈ

Никола  Младенов својата новинарска кариера ја почна пред повеќе од 20 години во „Млад борец“ – прво беше новинар, а потоа и главен уредник. Во јуни 1995 го формираше неделникот „Фокус“, а по 16 години го формираше и дневниот весник „Фокус“.

Секогаш остар на јазик, вечен опозиционер и критички настроен.

,, За жал, понекогаш предоцна сфаќаме дека животот е многу убав, дури откако ќе го загубиме здравјето. Треба да се сочуваат нервите за да не биде предоцна. Не може секого да убедувате и разубедувате. Тешко на оној што сака баш сите да ронат бисери кога ќе му го спомнат името,, рече Младенов во едно од неговите интервјуа.

„Да ги охрабриме сите граѓани, да знаат дека не се сами во желбата за создавање услови за живот, достоен на времето што го живееме. Со таа мисла, ве повикувам на ова возбудливо патување, кое на крајот ќе покаже дека нема цена, која не вреди да се плати за да се стигне до слободата. Само така ќе стигнеме до Македонија, во која народот ја контролира власта, а не таа него. Која и да е!…“ рече Младенов

Нека почива во мир, искрено сочувство до семејството и колегите од редакциите кои ги предводеше.
ВИДЕО ОД МЕСТОТО КАДЕ ЗАГИНА НИКОЛА МЛАДЕНОВ
ЏИПОТ НА МЛАДЕНОВ ЛОЦИРАН СПОРЕД СИГНАЛОТ НА МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН
ЗАГИНА СОПСТВЕНИКОТ НА ФОКУС – НИКОЛА МЛАДЕНОВ
ФОТО – ЗАГИНА НИКОЛА МЛАДЕНОВ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1