Авионот „фалкон“, во кој бил бугарскиот премиер Бојко Борисов, одвај слетал на аеродромот во Софија, јави бугарската агенција „Бгнес“.
Според првичните информации, при првиот обид да слета на авионот на бугарската влада му пукнала гумата на тркалото за слетување, па пилотот морал да направи уште еден обид да слета и за тоа да примени процедура наменета за итни случаи, односно мануелно да го приземји авионот.
Во инцидентот никој не е повреден, па Борисов продолжил со своите активности.