Индијци нудат бубрег за популарната министерка во Владата


Голем број Индијци на различна возраст се нудат преку социјалните мрежи да подарат бубрег за трансплантација за заболен министер во Владата на премиерот Нарендра Моди, пишуваат индиските веснци.

Станува збор за министерката за надворешни работи Сушма Сварај, која претходно на Твитер напиша дека заминува во болница за да прави тестови за трансплантација.susma

Сварај (64) долго време боледувала од дијабетес, кој и ги оштетил бубрезите, па сега се соочува да остане остане без овие витални органи.

Таа одела на дијализа, но лекарите сметаат дека за неа вистинско решение е трансплантацијата, барем на еден здрав бубрег.

Медиумите во Њу Делхи пишуваат дека ваквата реакција на јавноста била неочекувана, но тоа го објаснуваат со популарноста на министерката.

Сушма Сварај важи за една од најистакнатите министри во индиската Влада, но во јавноста е популарна затоа што секогаш е спремна да му помогне на било кој Индиец, што некаде во странство, ќе се најде во неволја.

На почетокот од овој месец, Сварај предизвика нов голем публицитет кој и го подигна и онака високиот рејтинг, откако помогна една млада пакистанска невеста да добие индиска виза за да се омажи за Индиец.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1