Македонскиот првак Вардар ја прекина соработката со тренерот Индира Кастратовиќ. По ремито на мечот со ФТЦ Раил Карго, и по големиот притисок од јавноста, клубот се реши дека некогаш најдобриот десен бек од СП нема повеќе да биде тренер на „црвено-црните“ девојки.
На денешниот тренинг на ракометарките им беше соопштена одлуката за промената на тренерот. Тие продолжуваат да се подготвуваат за следните предизвици во ЛШ, а без оглед на промените амбициите остануваа исти, а тоа е напад на самиот европски врв.
Кој ќе ја замени Кастратовиќ на клупата ќе официјални ќе биде познато деновиве, а клубот дополнително ќе објави детали околу идните чекори за ангажирање на тренер. Досегашниот помошник Аце Станковски останува дел од стручниот штаб и во иднина.
Кастратовиќ во Вардар беше дел од есента 2012 година, и со екипата четирипати по ред беше првак на Македонија и трипати го освојуваше Купот на Македонија. Трипати беше дел и од завршниот Ф4 турнир во ЛШ.
Во соопштението на клупската веб страница се вели дека Вардар е среќен што овој период соработуваше со тренер кој остави белег на патот до трите бронзени медали од Ф4 турнирите во Лигата на шампионите.