Иновативните методи за прочистување на воздухот применети во општина Аеродром дале резултати


По Нова година ќе се поставуваат прочистувачи на воздух во сите детски градинки во Аеродром. Општината ќе набави и филтри за оџаците и катализатор за горива за училиштата и градинките. 12 мерки кои ќе се реализираат за почист воздух од следната година. Со новиот буџето предвидени се субвенции за печки на пелети, инвертер клими, донаџии за огрев и чистење на оџаци. Доколку два дена по ред пм 10 честичките бидат над 200 мг на м3 , Марин најави ограничување на градежните активности.

Со овие пари се предвидува дополнително мерење на загадувањето со мобилните мерни станици на 25 локации во општината. На булеварот Србија е спроведено мерење како и чистење со помош на возила со прскалки на вода, по што анализата покажала дека нивото на штетни честички се намалува. Доколку ова се покаже како ефикасно, Аеродром ќе бара соработка и со градот Скопје. Следната година Марин планира садење на дрвја а пред Тц Бисер ќе биде поставен и еко билборд.

Од друга страна, Градот Скопје усвои буџет кој е за 10 проценти помал од претходната година. За животна средина се наменети три пати повеќе средства од досегашните .

Во меѓувреме на социјалните мрежи диви препродавачи нудат отпадно, како огревно дрво кое е забрането да се гори. 1500 денари за Кубик стои на огласот на кој продавачот наведува дека врши превоз низ цело Скопје. Заменик министерот за животна средина повторно нагласи, за проблемот со загадувањето интгрирано да се делува.

За време на зимскиот распуст ќе бидат поставени прочистувачи на воздух во повеќе училишта. Министерството отпочна проект за подобрување на управувањето со заштитени подрачја, за што средствата се обезбедени преку ИПА 2 а ќе се спроведува преку програмата за развој на ОН.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1