Инспекција на Општина Центар: Новиот објект на ВМРО-ДПМНЕ нема употребна дозвола


Општина Центар соопшти дека извршила инспекциски надзор над градбата на АДГ Бетон, чиј дел е и седиштето на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.Инспекцијата, при увидот констатирала дека инвеститорот има ставено во функција дел од објектот, иако за тоа не се исполнети законските предуслови, односно, објектот е во фаза на изградба и согласно Законот, Бетон не можел да достави записник од надзорен орган со кој ќе побара технички прием и упис во Катастар.vmro sediste novo

„Попрецизно кажано, објектот нема употребна дозвола. Од увидот, инспекцијата констатираше дека над влезот на објектот на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ има балкони и покриен дел, иако градежната маркица завршува со објектот. Инвеститорот немал законско право градбата да ја прошири над делот кој е сопственост на Република Македонија. Според увидот, објектот излегува од границите на градежната парцела и зафаќа дел од имот на Р.М. Инвеститорот се обиде да објасни дека од град Скопје добил дозвола за поставување урбана опрема на јавна површина, но овој дел не може да влезе во категоријата на урбана опрема“, се наведува во соопштението од општина Центар.

Се најавува дека инспекцијата ќе ги побара документите од град Скопје и од инвеститорот АДГ Бетон и, согласно позитивните прописи, ќе донесе соодветни управни акти. Од понеделник, инспекција на општина Центар повторно ќе побара од инвеститорот да овозможи увид на дел од објектот кој е пуштен во функција, со цел да констатира дали градбата одговара на одобрениот проект, доставен и одобрен од општина Центар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1