Договор за решавање на политичката криза
- за поддршка на стратешките приоритети на земјата:
-
- преку меѓупартиски Меморандум за разбирање (или собраниска резолуција) со кој се потврдува поддршката за агендата за евро-атлантски интеграции, и обврзаност за воздржување од дејствија кои ја поткопуваат оваа цел.
- за враќање на нормалниот политички живот:
-
- сите партии да се вратат во Собранието и да учествуваат на закажаните локални избори.
- за поддршка на непосредните клучни реформски мерки, вклучително и:
-
- подобрување на функционирањето на Собранието, вклучувајќи ја и иницијативата на Претседателот за формирање на ад хок Анкетна комисија (која би ги разгледала, меѓу другото, настаните на и пред 24. декември, вклучувајќи ја и нивната уставност, обезбедувањето во и надвор од Собранието и преглед на собраниските процедурални правила), резултатите од кои би биле се рефлектирале во Извештајот за напредокот од страна на Европската Комисијата кој ќе биде објавен во есента 2013 година.
- изборна реформа, по локалните избори, вклучително и во однос на избирачкиот список (на пример пост-изборна ревизија на списокот) и други препораки од страна на ОБСЕ/ОДИХР.
- слобода на изразување, на пример продолжување на дијалогот со новинарите, воден од Здружението на новинари, и други мерки за изградба на довербата.
- за изборниот календар:
- да се обезбеди соодветно време за регистрирање на кандидатските листи за локалните избори.
- да се оствари средба непосредно по локалните избори за да се разговара за внатрешно-политичката ситуација, вклучувајќи ги и наодите на Анкетната комисија за настаните од 24. декември, и да продолжат разговорите, со добра волја, за сите опции, и без прејудицирање за дефинирање на времето за одржување на следните парламентарни избори, врз основа на спроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, така што резултатите да може да се земат предвид во следниот Извештај за напредокот од страна на Европската Комисија.
- ЕУ:
- со Европската Комисија да се закаже четвртиот состанок на Пристапниот дијалог на високо ниво (март) во кој ќе биде вклучена Владата и Националниот совет за Европски интеграции.
- Европската Комисија да го достави својот Извештај, како што бара Советот, до средината на април.
- Европскиот Парламент да закаже гласање за својот Извештај во позитивна и конструктивна рамка.
Izvor – Press24