Интервјуа на ХРТ: Заев: Убеден сум дека нема да дојде до судири и крвопролевање, Груевски: Има два начини да се реши кризата


Во две одвоени интервјуа на “HRT”, лидерите на двете најголеми македонски политички партии, Никола Груевски и Зоран Заев, зборувале за своите позиции и мислења за актуелната ситуација во нашата држава.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, рекол дека ако се донесе платформа која е составена во друга држава, а се однесува на Македонија, дека тогаш станува збор за уцена.gruevskizaev

“Ако по изборите носите платформа која е составена во друга држава, а која се однесува на нашата земја, Македонија, ако таа платформа не ја потврдиле граѓаните на изборите, не се усогласиле во врска со неа, и ако таа платформа не е во согласност со Уставот- тогаш станува збор за уцена. Граѓаните таа платформа не ја познаваат и не гласале за неа на изборите”, рекол Груевски за хрватската телевизија.

На прашањето од водителот зошто албанската платформа e спорна за него, со оглед на тоа дека и тој потпишал нешто слично пред 9 години, поранешниот премиер рекол дека тоа било сосема различно.

Груевски рекол дека денес се оди кон бинационална држава, што е спротивно од Уставот на РМ. Додал дека таа платформа не била најавана пред изборите, и дека била потпишана во друга држава, под покровителство на албанскиот премиер – Еди Рама.

“Заев нека биде премиер, но нека се откаже од платформата составена во Тирана”, рекол Груевски и додал дека постојат два начина за излегување од кризата, односно предвремени избори во мај на кои Заев би настапил со платформата, или Заев да ја прифати понудата на ВМРО ДМПНЕ да се откаже од платформата и да добие малцинска влада со поддршка од споменатата партија.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за истата телевизија ден претходно рекол дека не верува дека ќе дојде до судири и крвопролевање во Македонија. Додал и дека доколку тоа воопшто се случело, ќе се случело многу порано.

Заев рекол дека постои страв за такво нешто, но дека е уверен дека нема да дојде до крвопролевање:

“Тоа како страв постои и сите се плашиме од таа работа, но јас сум уверен дека нема да дојде до тоа. Ако требаше да дојде до тоа ќе се случеше многу порано. Со многу трпение, посветеност и внимателност, на зелена маса преку преговори дојдовме до тука… Во моментот, мојот политички опонент поддржан од претседателот на државата, алудира на поделби, на федерализации, на уништување на унитарниот карактер на државата. Ако јавно ги нападнете граѓаните кои што се повеќе од 20 отсто во Македонија тие ќе се бранат и тогаш настануваат поделбите”, рекол Заев.

Лидерот на СДСМ рекол дека нивниот концепт е “Едно општество за сите”. Додал и дека Македонија е на сите граѓани кои живеат во Македонија.

“Оттука нашата улога сега е трпение, внимателност и претпазливост во сè што правиме”, рекол Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1