Посериозен инцидент се случи денеска на раскрсницата кај Соборниот храм во центарот на Скопје за време на блокадата на таканаречената шарена револуција. Нападнат беше граѓанин на когo не му беше дозволено да помине, навредуван со низа погрдни зборови од “шарените“.
Шарените демонстранти, кои речиси два месеци го парализираа градот во попладневните часови, сега започнаа да блокираат крстосници во сообраќајниот шпиц. Новата тактика е резултат на се помалата излезност и поддршката од граѓаните која изостанува по двомесечното изживување. Немањето капацитет сега се обидуваат да го камуфлираат со правење метеж и нервоза во текот на денот.
Таков беше случајот и со денешното блокирање на крстосницата кај Соборниот храм и уште неколку други. На неколку раскрсници активистите на „Протесирам“ не им дава на луѓето да стигнат на работа, средношколците на училиште, студентите на факултет. Во недостаток на масовност, дваесетина „шарени“ автомобили беа паркирани на секоја од крстосниците, кај поранешна Треска, во Карпош 3 кај бензинската станица, кај Соборниот храм, Судската палата и кај Црвениот крст.
Демонстрантите го навлекоа гневот на возачите, а посериозен инцидент се случи на раскрсницата кај Соборниот храм, каде опозициски активисти со тупаници го нападнаа и низа погрдни зборови го нападнаа и навредуваа урбаниот скопски лик Крис кој се обидуваше да се пробие низ метежот.
Ова е втор напад од страна на хулиганите и вандалите на СДСМ, кои пред само една недела физички нападнаа родител кој сакаше своето дете да го однесе на преглед на детска кардиологија.
Додека таткото очајно го бранеше своето болно дете од насилниците на СДСМ кои физички го нападнаа и се обидуваше да се разбере со платениците, болното дете и мајката во автомобилот доживуваа траума и ги гледаа навредите, свиркањата и физичките напади врз таткото кој очајно сакаше да помине.