Тепачка се случи на вечерашниот натпревар во рамките на 5 првенствено коло од првата машка кошаркарска лига на Македонија,меѓу екипите на Струмица и Лирија.
Во 36 минута од дуелот Зоран Стојанов кошаркар на Струмица заради удар кон својот колега од Лирија Бојан Трајковски заработи техничка. Но само што судиите Мицевски, Клинчаров и Јанков ја доделија техничката, Бојан Трајковски луто му се нафрли на струмичкиот кошаркар со тупаници, по што на паркетот во салата Парк се стрчаа сите играчи од двата табора, пишува ТВ ВИС.
Цели 5 минути траеа несогласувањата и обидите за физичко докажување меѓу кошаркарите . Асистираше и полицијата која се обиде да ги раздвои кошаркарите. Судијата Мицевски на крајот одлучи на Трајковски и Стојанов да им додели исклучување а исклучување доби и Тони Грнчаров кој се пресмета со Трајковски . Сето тоа се случуваше при резултат од 69:60 за гостите од Скопје. По смирувањето на страстите домакините со тројца играчи Хасанов, Џекиќ и Кук го продолжија дуелот против Лирија која последните минути ги одигра со 4 кошаркари. На крајот победата ја однесе Лирија со 83:67 по четвртини (17:21, 16:17, 14:17, 20:28).
Федерацијата по овој дуел ке има полни раце работа. Најверојатно суспензии ке добие Трајковски кој физички го нападна струмичкиот кошаркар а казни најверојатно ке добијат и Стојанов и Грнчаров. Снимка од дуелот вечерва на програмата на ТВ Канал Вис во 22,30.