Инцидент во Белград: Вооружен маж пукаше во минувачи


Белградската полиција и натаму трага по вооружениот маж, кој синоќа, по пукањето, се сокри во солитерот број 241 на улицата „Јуриј Гагарин” на Нов Белград, за Танјуг утринава изјавија од српското МВР.policija avtobus belgrad

Како што јавуваат српските медиуми, една станарка на полициата и дала снимка од безбедносните камери на која, како што се наведува, се гледа дека станува збор за „проќелав маж, на возраст од околу триесетина години”.

Мажот кој возел црн „БМВ” синоќа малку по 20 часот почнал бесцелно да пука од возилото и со автомобилот удрил во други автомобили на улицата „Јуриј Гагарин”, оштетувајќи најмалку уште четири возила.

По пукањето, осомничениот почнал да бега по улицата „Јуриј Гагарин”, но кај бројот 213 му испаднало тркалото од возилото па продолжил да трча и вооружен влетал во солитерот број 241 на истата улица.

Како што синоќа јави репортерот на Танјуг од лице место, полициските сили го опколиле цел Блок 45 на Нов Белград, како и солитерот во кој се крие напаѓачот.

Како што наведуваат белградските медиуми, во напуштениот автомобил на напаѓачот полицијата пронашла два пиштола.

Силни полициски сили го опколиле солитерот во кој се наоѓа напаѓачот.

Според медиумите, се крие на некој од 14-те катови од солитерот со 90 станови.

Станарите се информирани дека не можат да излезат надвор, нити било кој смее да влезе во зградата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1