Наездата од скакулци која го зафати Албакерки, во американската држава Њу Мексико. Скакулците претставуваат вистински проблем, бидејќи им се залетуваат на луѓето во лице додека одат, трчаат или возат велосипед.
Освен ова влегуваат во домовите, а штетни се и за посевите со кои се хранат.
Воздухот е толку исполнет со овие инсекти, што појавата е видлива и на радарот сокој обично се регистрираат дождовите, велат од Државниот метеоролошки завод.
Метеоролозите останале збунети од појавата, се дебатира дали да се прскаат или да се почека самите да заминат по својот пат.
Погледнете како изгледа