Инвеститорот на зграда кај Мајчин дом ги повикува граѓаните на средба


Инвеститорот на зградата кај Мајчин дом околу која се крена прашина и се организираа протести од жителите на Аеродром, инвеститорот ги кани граѓаните на средба. Поканата ви ја пренесуваме во целост.

Почитувани граѓани на Општина Аеродром, граѓански активисти и здруженија,

Во среда (24.10.2018) ве повикувам на средба во урбаната заедница „Острово“ (во Т.Ц. Скопјанка, на втор кат), во 19:30 часот. Во рамките на средбата ќе дискутираме за проектот за зградата на плацот пред Мајчин дом, моменталната ситуација и престојните активности.

Би сакал да ги слушнам вашите мислења на темата и да ви ги претставам моите ставови и идни планови. Се надевам дека ќе имаме продуктивна дискусија и ќе успееме да најдеме заедничко решение за проблемот кој нѐ засега сите.

Со почит,
Фатмир Етеми

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1