Во Македонија се случи инженерски зафат достоен за почит. На 25-ти декември беше изведена дислокација на црквата света Петка лоцирана во селото Арбиново, јавува регионалната телевизија О2.
Зафатот беше изведен од страна на Илинден АД Струга на автопатот Кичево – Охрид, со цел зачувување на целовитоста и уникатноста на црквата во непречено извршување на градежните активности на автопатот.
Дислоцирана црквата Св. Петка во селото Арбиново. Инженерскиот зафат беше изведен од страна на Илинден АД Струга на автопатот Кичево – Охрид, со цел зачувување на целовитоста и уникатноста на црквата во непречено извршување на градежните активности на автопатот.
Posted by O2 Televizija – O2 Телевизија on Sunday, 27 December 2015
Огромно и непроценливо е задоволството на сите луѓе од овој предел, поради зачувувањето на овој верски храм и затоа овој подвиг ќе остане запаметен.
Настанот беше изведен според планираното со помош на искусниот инженерски тим и обучениот квалификуван кадар.