Исламската држава објави видео снимка на која и се заканува на Русија со напади, коишто ќе се случат многу брзо.
Al hayat media centar, којшто го користи Исламската држава, на руски јазик објави видео снимка со закана „наскоро, многу наскоро, ќе тече крв во потоци“, објави набљудувачката група SITE, јавува Reuters.
IS претходно повика на напади во Русија и САД поради нападите на овие две земји на положбите на џихадистите во Сирија.
Западните разузнавачки служби веруваат дека екстремната џихадистичка група поставила бомба во руски патнички авион којшто неодамна се сруши во Египет, откако полетал од Шарм-ел-Шејк.